Санто негира дека е во лош однос со Бензема: Тоа е апсурд!

Синоќа гласни беа шпекулациите дека тренерот Нуно Еспирито Санто и Карим Бензема ја спукале и тој побарал фудбалерот да биде продаден.

Синоќа Ал Итихад со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Ал Ријад, а Бензема беше стартер и постигна гол.

„Читав дека се пишува како мојот однос со Карим Бензема не е добар, сите кои ме познаваат добро знаат дека тоа е апсурд“, вели Санто.

„Мојот однос со сите фудбалери е добар, ние сме среќни што Карим е тука со нас“.