Еднаш многу одамна околу сонцето се вртеше една планета. Беше наречена Земја. На таа планета имаше живи суштества кои се нарекуваа ЛУЃЕ. Но, набрзо тие луѓе заборавија дека Да си човек е титула, па заборавија да ја носат со гордост и станаа прав. Светот потонал во апсурд, немаштија, завист, љубомора…

Брзото темпо и динамичното живеење, некако не донесе до точка на заслепување. Изненадувањето од напредокот на технологијата ни стана навика и едвај чекаме да дознаеме што е ново на пазарот. Но, полека почнува да се креира стравот од фактот дека машините го презедоа човекот. А на патот до тој „евтин“ луксуз, заборавивме на човечноста, културата, етиката. Погледнете неколку илустрации кои ги сретнавме на Pinterest кои го дообјаснуваат јасниот апсурден свет. Светот во кој некултура и немаштија владее и постои на секој чекор. Ако воопшт некој го прави тој чекор. Каде ни е свеста околу овие прашања? За жал, ова е тажна реалност

апсурден свет, некултура и немаштија