Апсурд по блгарски, 2022 година дами и господа

На малото градско дерби меѓу Славија Софија и ЦСКА, во еден момент напаѓачот на армејците Каиседо и 45-годишниот голман на домаќините Георги Петков страшно се удрија во еден дуел. Голманот го извлече подебелиот крај а амбулантното возило кое дојде неколку минути не можеа да го отворат. Коментаторот со прикладен коментар за дешавката.

Но ситуацијата не била ни малку наивна. Од медицинскиот тим на Славија Софија, лекарот Дениз Јилмаз соопштил дека состојбата на Георги Петков била драматична. Тој на кратко изгубил сознание и го голтнал јазикот.

„Гошо буквално се бореше за животот. Кога истрчав и отидов да видам како е, гледката не беше за сите. Кога го кренав, видов дека целиот посинел. Започнав веднаш да дејствувам. Му го извадив јазикот. Но знаете ли дека после тоа тој уште два пати си го голташе јазикот. Вкупно три пати. Доби грч, почна да рита со ногата. Се задушуваше и ќе ми умреше на раце

Кога се подоправи и се поткрена, видов дека не е многу адекватен. Го прашав колку е резултат, а тој само гледаше наваму-натаму. Кога после второто и третото прашање: „Каде си во моментов и кој ден сме?“ не ми одговори ништо, сфатив дека работите не се добри и дека Гошо доживеал тешка повреда“, раскажал лекарот на Славија за софиски Блиц.

После тоа имаше и проблем со вратата на амбулантното возило која докторот, тренерот на голманите на Славија и некои играчи едвај ја отворија, па голманот бил однесен на ВМА од каде соопштиле дека е добар, дека утре ќе го отпуштат, но дека ќе паузира најмалку две недели.

На крајот на мечот во кој имаше два црвени картони, ЦСКА Софија славеше 2:3 и го задржа чекорот со лидерот Лудогорец од кого заостанува (првпат после долги години) само четири бода во трката за титулата.

Повеќе за 45-годишниот голман и рекордер во бугарскиот и општо европскиот фудбал тука.

21 февруари 2022 - 09:24